Спасовски се сретна со Македонците во Албанија: “Ги претставија предизвиците со кои се соочуваат”

t

Во просториите на Амбасадата на РМ во Тирана остварив средба со претставници на друштвата на македонската заедница во Република Албанија – “Сонце”, “Илинден” , “Мир”, нашинци кои живеат во пограничните области, Голобрдо, Елбасан и Преспа, кои заедно со претседателот на македонската Алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, ги претставија нивните идеи и размислувања околу предизвиците со кои се соочуваат во Албанија, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Согласно веќе воспоставената практика за време на работните престои во странство да остварувам средби со нашите исселеници, целта на ваквите средби е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат.

Македонската заедница во Голобрдо изрази интерес за изнаоѓање начин за продолжување на работното време на Граничниот премин Џепиште Требиште, кој е од локален карактер и не работи постојано, со што во голема мерка би се подобриле условите за живот на локалното население, при што изразија благодарност за веќе решениот проблем со електрична енергија на истиот граничен премин.

Во оваа прилика најавив дека заедничката седница на Владите на Република Македонија и Република Албанија, која ќе се одржи кон средината на овој месец во Скопје претставува можност за иницирање на решенија за предизвиците на македонската заедница во Албанија, со придобивки кои ќе ги овозможи Отворен Балкан со понатамошна реализација на предвидените активности, напиша Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…