Спасовски убеден: Oваа Влада ќе опстои до крајот на мандатот во 2024 година
Министерот за внатрешни работи и член на Централен одбор на СДСМ, Оливер Спасовски од Тетово порача дека владиниот состав ќе опстои до предвидениот мандат до 2024 година.
-Не сакам да коментирам некои објави кои што се или средби наводни на кои што јас не сум присуствувал. Сакам децидно да кажам дека оваа Влада ќе опстои до крајот на мандатот 2024 година. Лично јас како човек кој долги години е во СДСМ и на силни и високи позиции ќе направам се, да се сочува единството во партијата, да зајакне партијата, и повторно промовирајќи ги тие вредности за кои што се залагавме во целиот овој период, да продолжиме напорно да работиме за реализација на значајни стратешки цели. Шпекулации, односно било какви тврдење кои се изнесуваат од наводни средби на кои што јас не сум присуствувал воопшто не сакам да коментирам, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…