Спасовски ќе бара Обвинителството да реагира за статусот на професорката Ачкоска

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека во полициската станица при Секторот за внатрешни работи во Скопје денеска бил извршен службен разговор со лицето В.А. поради наведените податоци на Фејсбук дека гимназијалец бил отруен при ставање на дрога во пијалак, а со цел да се обезбедат евентуално дополнителни податоци во врска со случајот кое лицето може да ги има како информации.

-В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, дека слушнала муабети од деца и дека кога новинарите ја повикале да разговараат со неа, таа го избришала постот на оваа тема и практично тогаш сфатила дека направила грешка, појасни денеска Спасовски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Тој напомена дека ќе поднесат соодветен поднесок до Јавното Обвинителство во врска со овој случај.

-Ќе бараме да има реакција од страна на Обвинителството, бидејќи не може во ниту еден момент да изнесуваме податоци или информации кои предизвикуваат страв, неизвесност и паника во јавноста, без притоа истите да се базираат на какви било точни факти и податоци. Ние вчера излеговме со демант како МВР, бидејќи се шпекулира во јавноста, односно се злоупотребува темата дека на овој начин имало повеќе починати средношколци кои биле во Градскиот парк. Упатувам апел до јавноста да бидеме одговорни, бидејќи нема ништо повредно од животот на еден човек, посебно на млад човек, рече Спасовски.

Тој додаде дека вакви трагични ситуации со кои се соочуваме не треба да бидат дел од никакви политички пресметки. Како што рече, најмногу треба да внимаваат луѓето кои себеси се сметаат за луѓе со висок интегритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево…