Спасов: Се испоставува дека Мицкоски е опасен шарлатан во меѓународната политика

t

*Објава на Фејсбук на Никола Спасов:

Се испоставува дека Мицкоски е опасен шарлатан во меѓународната политика. Не дека и на другите теми е подобар.

Потрошени десетици милиони евра за четири екскурзии до САД со по 50 луѓе од Влада, бизнис класи и чуда. Платени големи суми за лоби и ПР агенции за тој да седи во спортска сала на 10 км од инаугурацијата на Трамп.

Исходот е ние да сме земја со највисоки тарифи (33%) и во иста група со Србија и Кина. Комшиите завршија со 10% Албанија, Косово и Црна Гора, а просекот на ЕУ е 20%.

Инаку никој не забележа, нека поправи некој ако грешам, дека за трагедиајта во Кочани не стигна сочуство од ниеден висок американски политичар или функционер. Крис Павловски ве молам да не го броиме, тој е тука од интерес, ниту пак амабасадорката, тоа и е работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…

Градоначалникот на Белград нападнал опозициска советничка –…

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, од Српската…

Отворена истрага против три лица за тероризам

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе…

Добра соработка за европски резултати – Боксерската…

Боксерската федерација на Македонија упатува искрена благодарност…

Отстранети се сите диви тезги: Спроведена вонредна…

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби…