Спасувачка акција на планината Кораб
Надлежните служби денеска успешно реализираа спасувачка акција на планината Кораб, откако преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за повреден планинар кој не можел самостојно да се движи.
Брза координација и излегување на терен Веднаш по добивањето на повикот за помош, Центарот за управување со кризи (преку РЦУК Тетово) иницирал итна акција, објави 4news.mk За брза и ефикасна интервенција на теренот, веднаш била воспоставена координација помеѓу неколку институции:
Клучната улога на терен ја одиграле ренџерите од Националниот парк, кои по организираното пребарување успешно го лоцирале повредениот планинар. Тој бил пронајден во стабилна состојба, по што ренџерите започнале со негово безбедно спуштање низ планинскиот предел кон селото Жужње.
По пристигнувањето во селото, планинарот бил предаден на екипа на Итната медицинска помош од Гостивар. Медицинските лица го презеле за понатамошен транспорт и соодветен медицински третман.
Надлежните институции потврдуваат дека благодарение на брзата реакција и одличната координација на сите служби, акцијата е навремено завршена, а планинарот е безбедно евакуиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасувачка акција на планината Кораб
Надлежните служби денеска успешно реализираа спасувачка акција…
ОДНОСОТ НА ЕУ КОН МАКЕДОНИЈА Е НЕПРАВЕДЕН:…
Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ…
(Видео) Гори Белград!
На улицата „Кнез Милош“ во Белград речиси…
Од Транспорт ги објавија понудите од јавната…
Министерството за транспорт ги демантира обвинувањата на…
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи…
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи…