Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, пристигна во Москва
Специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, денеска пристигна во Москва, каде се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објавиja странските агенции.
Како што е наведено, Виткоф се појавува како клучен соговорник на Вашингтон со Путин, додека американскиот претседател Доналд Трамп се залага за договор за прекин на војната во Украина. Пратеникот веќе одржа три долги лични средби со лидерот на Кремљ.
Неговата сегашна посета на Москва доаѓа еден ден откако Трамп ги критикуваше руските ракетни и беспилотни напади врз Киев, во кои загинаа најмалку 12 лица.
Во исто време, американскиот претседател изјави дека е постигнат значителен напредок во мировните преговори.
„Следните неколку дена ќе бидат многу важни. Во моментов се одржуваат состаноци. Мислам дека ќе постигнеме договор. Мислам дека се приближуваме“, изјави Трамп во текот на вчерашниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…