УШТЕ НЕ Е ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО ЧАИР – Во подрумите на зградата има запаливи материјали

t

Пожарот во станбената зграда во скопски Чаир се уште е активен, а како дополнителна помош скопските пожарникари на лице место ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата.

Од Центарот за управување со кризи вечерва информираат дека гаснењето на пожарот се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали.

По пожарот кој избувнал утринава на 43 лица им беше пружена лекарска помош. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, изјави дека имале 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување.

– Од 3:30 по полноќ, до 14 часот, низ нашата клиника се поминати 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување. Ја примија соодветната терапија, сите се стабилни, рече тој.

На Детската клиника, според информациите на директорот, Реџеп Мемеди, денеска биле примени 12 деца на возраст од 5 месеци до 11 години.

– Вкупно 12 деца дојдоа кај нас на возраст од 5 месеци до 11 години. На прием кај нас беа во релативно стабилна состојба. Само 4-5 од нив ги ставивме на кислородна поддршка. Тие се мониторирани и направени анализи, сите беа во стабилна состојба во однос на виталните функции. Од нив 10 деца на барање на родителите се испишани, наша препорака беше да ги задржиме. Само две се задржани, информираше тој.

Помеѓу хоспитализираните лице, како што претходно информираа од Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи, имало и еден полицаец и еден пожарникар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ќе позајмува повеќе – буџетскиот дефицит…

Војната и нападите врз руската енергетска инфраструктура…

Нов опасен инцидент во Ормут: Непознат проектил…

Нов безбедносен инцидент е регистриран во Ормутскиот…

Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да…

На овој ден во 2017 година, во…

АИ: Акциите на бунтовниците од М23 во…

Меѓународната организација за заштита на човековите права…