Специјалци по грешка упаднале во 12 куќи во Кавадарци?
Лице кое му се заканувало на градоначалникот на Кавадарци на Фејсбук сподели скандалозни информации поврзани со случајот кога специјалци „по грешка“ упаднале во 12 куќи во Кавадарци.
Како што објавува лицето на социјалните мрежи, полиција упаднала во домови на 12 лица, наводно бидјеќи барале дрога.
„4 дена сум пред вас, не правете трошоци за џабе“ им пишува лицето во едната објава на Фејсбук.

Во друга објава вели дека полицијата насилно упаднала во домови на 12 лица и бара полицијата да дојде и кај него да изврши претрес.

Во акцијата не е пронајдена дрога.
Неофицијално акцијата за претрес на 12 локации ја водел помошник-началникот на СВР Велес, Трајче Алтанов. Поради тоа што акцијата пропаднала, како што неофицијално дознаваме, започната е постапка против непознато лице од СВР Велес кое наводно оддало службена тајна за акцијата поради што истата е неуспешна.
Претходно Митко Јанчев пријави закани од сограѓанин кон него, информираа од СВР Велес.
„Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти СВР – Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Позитивни вести: Кавадарци доби принова од 7…
Во Општата болница во Кавадарци во еден…
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…
На 13.05.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…