Спомнете им на ОБСЕ гостите дека може малку да им биде лошичко – Ели Пешева со поента за аерозагадувањето
Алармантни бројки за смртноста од аерозагадувањето во земјава. 5.600 семејства изгубиле некој свој близок, како последица од загадувањето во државава, а овие застрашувачки податоци ги објави иницијативата О2.
– Бројките се страшни, а тие за 2021 година се ужасни и поразителни,покажуваат истражувањата кои ги пренесе О2.
За ова, во пресрет на министерскиот состанок на ОБСЕ, се јави и Ели Пешева, една од најгласните еко-активистки.
– Спомнете им на ОБСЕ гостите дека може малку да им биде лошичко, да кашлаат, да не можат да дишат, да имаат необјасниви алергии…не од возбуда, секако. Покрај менито со храна и пијалоци, кажете им што ќе дишат бе. Се гледа, не е тајна, напиша таа во својата фејсбук објава и додава:
– Пошто 5600 семејства изгубиле некој свој близок, како последица од загадувањето во државава (зголемување за 30% за само една година). Во најава е носење на буџетот за следната година во кој стапката за заштита од загадување ќе го достигне историски НАЈНИСКИОТ праг.
https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/726494239375850:726494239375850?ref=embed_post
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе…
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…