Според Ахмети нема подобро решение од внесување на Бугарите во Уставот: ВМРО-ДПМНЕ да не води политика на двојни стандарди

t

Западниот Балкан нема друга алтернатива освен зачленување во НАТО и ЕУ бидејќи сме сведоци дека тука се судираат многу сабји од Истокот и секое друго влијание, освен Сонцето, ниту едно друго влијание не е корисно за нас. Затоа не случајно високи кругови се заинтересирани Македонија да не биде стабилна, да се креира несигурност, бидејќи секој лош развој во земјава, може да има импликации и во државите со кои граничиме, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, говорејќи на третиот Преспа Форум за дијалог.

Ахмети препорачува дека не смее да има тактизирање во однос на интеграциите во ЕУ, за дневно-политички поени.

-Не сакам да правам споредби ВМРО со Левица бидејќи Левица е јасно определена и не ја крие својата идеолошка определба. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде појасна и да не води политика со двојни стандарди. Јас сум бил многу близок во третманот на овој проблем, како со бугарската страна, така и со моите сограѓани Македонци дека нема подобро решение од промената на Уставот и внесувањето на бугарското малцинство. Секое задоцнување може да предизвика деградација во процесите, но и порази, како што претрпевме и одолговлекување со проблемот што го имавме со Грција, кажа првиот човек на ДУИ на фишбол дискусијата „Патот до Преспа: научени лекции и перспективи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ да престане со закани кон…

Изјавите на Бујар Османи, Талат Џафери и…

Зајкова демантира дека оди во коалиција со…

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…

Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во…

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…