Според Петличковски, народот е виновен за смртноста од kовид, немал здравствена култура како во други земји

t

Големата смртност од Ковид-19 се должи на запоставено здравје, смета претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Причината тој не ја гледа во непочитувањето протоколите.

„Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20“, изјави Петличковски.

Тој додаде дека има земји со пониски бројки на починати, но според него таму има поразлична здравствена култура од нашата.

-Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравствена култура од нас. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, рече Петличковски.

Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна Петличковски.

Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19.

-Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19, додаде Петличковски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање во врска со зголемената бројка на починати од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…