Спортистите може да здивнат: Владата ги изгласа новите ваучери, пари ќе дава – државата!
Владата на денешната седница меѓу другото го разгледа и утврди текстот на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда, поврзан со тоа што е најголема грижа за сите македонски спортисти во изминатиов период – државната помош преку ваучер-системот.
Денешното утврдување на промените кои ќе ги претрпе законското решение со кое се регулираат односите во спортот значи продолжување на државното финансирање на федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти, без кое тешко дека голем број од овие субјекти воопшто би опстанале.
„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти, кои имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати, како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели воо владиното соопштение.
Предлог законот сега ќе влезе во собраниска процедура, каде што ќе треба да биде изгласан за да стапи на сила. Со оглед на односот на силите во македонскиот парламент, ова се очекува да биде само формалност што значи дека и во 2024 година македонскиот спорт ќе добие државна инјекција и тоа директно од буџетот, а не преку даночно ослободување, кое овозможуваше разни криминални дејствија и барање процент за наплата на ваучерите. Единствена непознаница засега е сумата која државата ќе ја одвојува за спортот, односно дали таа како и досега ќе остане на 10 милиони евра или, пак, ќе биде зголемена или намалена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Шефот на бугарската полиција вели дека нема…
Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…