Спортскиот директор на Ал Наср за Роналдо: Да почекаме до крај на годинава
Кристијано Роналдо во моментов е слободен фудбалер, откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед пред повеќе од еден месец, а наскоро би можел да потпише за саудискиот тим Ал Наср.
Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо ќе добие по 200 милиони евра по сезона од Ал Наср, но спортскиот директор Марсело Салазар вели дека треба да го почекаат крајот на годината пред да биде донесен било каков заклучок.
„Да почекаме до крајот на годината, кога ќе видиме како ќе се развиваат настаните во светот. Тоа што можам да кажам е дека Роналдо е еден од најдобрите во историјата. Секогаш беше пример за другите поради својот спортски дух и желбата за победа“, кажа Салазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…