Објавено на:

Спортско попладне: Финале на Вимблдон, па финале на европското првенство во фудбал

t

Денеска со почеток во 15 часот се игра машкото финале на Вимблдон, помеѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и шпанецот Карлос Алкараз.

Пред нешто повеќе од еден месец, Ѓоковиќ беше опериран на менискусот на десното колено, а за речиси сите спортисти на планетата, пласманот во финалето би претставувало надминување и на најлудите надежи. Но, не за Новак Ѓоковиќ, кој си постави луди стандарди – сè освен трофеј се смета за неуспех.

Денеска се игра и финалето на европското првенсто во фудбал помеѓу репрезентациите на Англија и Шпанија.

Верувале или не, Шпанците веќе 74 години сонуваат за важна победа над Англичаните. Секако, кога се во прашање големите натпреварувања, односно Европските и Светските првенства. Последен пат тоа се случи на Светското првенство во Бразил далечната 1950 година. Тогаш, на славната „Маракана“ во Рио, Шпанците ги победија Англичаните со 1-0 со голот на нивниот тогаш најдобар стрелец, Телмо Зара, легендарниот голгетер на Атлетик Билбао.

Тогаш „црвената фурија“ со сите три победи го освои првото место во групата и помина во следната рунда, додека Англичаните мораа да си заминат дома, завршувајќи го натпреварувањето со само една победа и два порази. 

Последната средба меѓу Англија и Шпанија на големите турнири беше четвртфиналето на Европското првемство 1996 година во Англија. Домаќинот на натпреварувањето тогаш славеше благодарение на подоброто изведување на пенали (4-2), откако по деведесет минути и две продолженија беше израмнето 0-0.

Тогаш последниот пенал за Шпанците го промаши Мигел Анхел Надал, поранешниот дефанзивец на Барселона и вујко на славниот тенисер Рафа Надал, додека во стартниот состав на „Гордиот Албион“ беше нивниот сегашен селектор Герет Саутгејт. Значи Саутгејт знае како да ги победи Шпанците на големите турнири.

Последните натпреварувачки натпревари на овие две селекции се одиграа во Лигата на нациите 201/19, при што и двете селекции славеа на гости – Шпанија победи со 2-1 на „Вембли“, додека Англија победи со 3-2 на стадионот „Бенито Виламарин“ во Севиља.

Пред една години младите селекции на Шпанија и Англија играа финале на Европското првенство, а тогаш настапија тројца фудбалери кои сега се меѓу репрезентативците на своите земји: Шпанецот Алекс Баена и Англичаните Кол Палмер и Ентони Гордон. На тоа финале победа славеше младата селекција на Англија и стана европски шампион. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…

Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…

Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден

Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…

Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…

Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…

Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…

Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…