Спречен атентат врз претседателот на Придњестровје: Наредбата дошла од Украина?!
Во непризнатата Придњестровска Молдавска Република, спречен е обид за убиство на претседателот Вадим Красноселски, осомничените се приведени, се вели во соопштението за печатот на министерството за државна безбедност на Републиката.
„Министерството за државна безбедност соопшти дека е спречен терористички напад. По наредба на Службата за безбедност на Украина, беше подготвено злосторство против голем број функционери на Придњестровската Молдавска Република. Осомничените се приведени и признале дека учествувале во подготовката на атентатот“, наведува министерството на својата веб-страница.
Според информациите, покрената е кривична постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…