“Спречен голем криминал”: Косовската полиција заплени 3,5 тони пиперки од Србија

t

Косовската полиција синоќа спречи шверц на над три и пол тони пиперка на северот, со своите резултати се пофали и самата косовска полиција, а пренесоа косовските медиуми.

Тие наведуваат дека нивните единици синоќа околу 22.15 часот во селото Бистрица кај Лепосавиќ запреле камион со српски регистарски таблички. Контролниот пункт Бистрица контролиран од косовските специјални сили всушност се наоѓа во општина Звечан.

Во камионот откриле 3.600 килограми црвен пипер, за кој потоа обвинителот покренал постапка за шверц.

Стоката и возилото се одземени и испратени на царинскиот терминал.

Случајот ќе продолжи да го води Регионалната истражна единица на Регионалната управа на Граничната полиција-Север, потврди косовската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…