Спречен меѓународен транспорт на дрога од 200.000 евра

t

Полициски службеници на граничната полиција од Регионалниот центар Југ, во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција вчера во 23:30 часот забележале две лица кои од територија на Република Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија, информираше денес Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Поради сомнение дека во торбите се пренесува марихуана, од страна на Регионалниот центар Југ во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, известени се Службата за дрога со седиште во Килкиз и грчката гранична полиција и како резултат на заедничките и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кусо време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана, а малку подоцна лишени од слобода се В.Х.(36) и Е.Џ.(52), двајцата државјани на Република Албанија. Двете лица од страна на грчката полиција се задржани за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, наведено е во полициското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…