Објавено на:

Спречен обид за саботажа во Германија: Уапсен жител на Украина – „агент“ кој снимал погон за производство на оружје

t

Германската полиција денеска соопшти дека го лишила од слобода 33-годишниот државјанин на Украина, кој е осомничен дека ги снимал погоните на производител на оружје во Баварија со цел подготовка на можни саботажи по налог на странска разузнавачка служба.

Како што соопшти полицијата на сојузната покраина Баварија, осомничениот, чиј идентитет засега не се објавува во јавноста, бил уапсен на 2 август во сојузната покраина Тирингија.

Истражителите се сомневаат дека уапсениот делувал како таканаречен „агент од пониско ниво“ во корист на разузнавачка служба на странска држава.

Според информациите на полицијата, осомничениот во јуни оваа година ги снимал објектите на баварскиот производител на оружје, а потоа снимките им ги понудил на своите налогодавачи.

Надлежниот суд веќе му одреди мерка притвор, каде што ќе остане до почетокот на судењето.

Истрагата за овој случај се води во рамките на новиот Национален центар за координација на одбраната од хибридни напади, кој во Германија официјално почна со работа во јуни.

Овој центар е дел од германските мерки за спротивставување на, како што наведуваат властите, растечката закана од саботажи, шпионажа и кампањи за дезинформирање, за кои Берлин посебно ја обвинува Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…

Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако…

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во…

Граѓаните во централните и во северните делови…

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени…

Полицијата ширум Франција уапси најмалку 1.800 лица…