Спречен обид за шверц на околу 10 килограми марихуана
Неофицијално, полицијата на Граничниот премин Дојран спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, внимателно сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази.
Според првичните неофицијални информации, државјани на Македонија со рент-а-кар возило се обиделе дрогата да ја пренесат од Македонија кон Грција, распределена во околу 50 пластични кутии.

Станува збор за уште една потврда дека контролите на македонските граници се подигнати на значително повисоко ниво и дека полицијата со зголемена внимателност, оперативна умешност и професионален пристап успешно ги прифилира, препознава и спречува обидите за прекуграничен криминал.

Овој случај покажува дека криминалните структури постојано бараат нови начини и методи за шверц, но и дека институциите се чекор пред нив. Само во изминатиот период, на истиот граничен премин беше спречен и обид за транспорт на поголема количина марихуана во товарно моторно возило, што дополнително говори за засилените контроли и координираното дејствување на безбедносните служби.

Полиција и царината остануваат цврсто поставени во заштитата на границите и во борбата против секој криминал, со јасна порака дека секој обид за шверц ќе биде откриен и санкциониран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…
Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…
Струмичката марихуана сопственост на локални функционери на…
Неофицијално голем дел од вчерашната заплена на…
Лишено од слобода лице во Скопје, пронајдена…
Пронајдена марихуана кај скопјанец, лишен од слобода.…
Откриени над 30 килограми марихуана, предложен притвор…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Запленети околу четири тона марихуана во валандовско
Од страна на полициски службеници од Одделот…