Спречен обид за шверц на 126 литри прекурзори за производство на дрога

t

Инспектори од мобилните царински тимови Секторот за контрола и истраги при претрес на патничко моторно возило управувано од словачки државјанин, при влез на ГП Табановце пронајдоа и запленија поголема количина на прекурзори за производство на дрога.

Имено, на ден 10.12.2023 година на граничниот премин Табановце за влез во Република Македонија при преглед на патничко моторно возило со словачки регистарски ознаки во багажниот простор од страна на царинските инспектори пронајдени се четиринаесет лимени канти со вкупно 126 литри прекурзори на дрога од кои 10 лимени канти со налепница TOLUEN LAKARSKY со тежина од по 9 литри и четири лимени канти со налепница ACETON со тежина од по 9 литри. По извршено вештачење на стоката, утврдено е дека се работи за прекурзори кои се користат за производство на некои видови на дроги како кокаин, хероин и амфетамински тип на дроги.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дводневен штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај…

Почнувајќи од вечерва на полноќ (02.04.2024) до…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Жена се обидела да прошверцува 1.700 кутии…

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700…

Богоев: Дигитализација за намалување на корупцијата во…

Директорот на царина, Стефан Богоев во неделното…