Објавено на:

Спречен терористички напад на катедралата во Келн

t

Уште три лица се приведени денеска поради пријавена закана за напад на катедралата во Келн за време на празниците, соопштија германските власти, пренесуваат српските медиуми.

Апсењата доаѓаат само неколку дена откако 30-годишен Таџикистанец беше уапсен во врска со планираниот напад на светски познатата катедрала.

Осомничените биле приведени во западните градови Дуизбург, Херне и Дирен во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, а биле претресени и нивните станови. Не се соопштуваат детали за нивниот идентитет.

„Сите уапсени осомничени, вклучително и еден Таџикистанец кој беше уапсен минатата недела, се смета дека припаѓаат на поширока мрежа, која вклучува луѓе низ Германија и други европски земји“,
рече началникот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс.

Локалните германски медиуми пишуваат дека нападот требало да биде извршен со автомобил полн со експлозив. Полицијата во Келн на денешната прес-конференција соопшти дека била претресена подземната гаража на катедралата и дека биле ангажирани кучиња за откривање експлозив, но ништо не било пронајдено.

Од рано наутро и влезот и излезот од подземната гаража се проверуваат за потенцијално сомнителни активности.

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Херберт Реул последните апсења ги прогласи за успешни.

Исламските екстремисти отсекогаш биле активни, но моментално се поактивни од вообичаено, а католичката катедрала била нивна главна цел“,рече Реул.

Непосредно пред Божиќ полицијата добила информација за планиран напад на катедралата во Келн, а нападот требало да биде извршен на Нова година.

Светски познатата градска катедрала веќе една недела е под високо обезбедување.

Вообичаено последната недела од годината катедралата ја посетуваат повеќе од 100 000 туристи.

Во последните денови, само на верниците им беше дозволено да влезат во зградата на миса, но мораа да поминат низ темелна безбедносна проверка со кучиња трагачи.

Околу илјада полицајци вечерва дежураат околу соборниот храм додека граѓаните ја чекаат Новата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…

Спречен терористички напад на катедралата во Келн

Уште три лица се приведени денеска поради…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Дејли Мејл: Борис Џонсон размислувал за воен…

Екс-премиерот беше кажано дека е „збеснат“ откако…