СПЦ и црногорската Влада усогласиле нацрт верзија на Темелниот договор
Работните групи на Владата на Црна Гора и на Српската православна црква начелно ја усогласиле работната верзија на Темелниот договор.
Од Кабинетот на црногорскиот премиер објавија соопштение во кое се наведува дека работната верзија ќе оди натаму кон работните тела на владата, согласно вообичаената процедура.
Како што ветивме, за да се постигне целосна транспарентност, текстот наскоро ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Владата на Црна Гора – се наведува во соопштението од Кабинетот на црногорскиот премиер.
Премиерот Дритан Абазовиќ денеска е во прва официјална посета на Србија, каде што ќе има серија средби со претставници на политичкиот и државниот врв.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора ќе ја поддржи Македонија кога…
Црна Гора ќе ја поддржува Македонија на…
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…
„Сам одлучив да ги запалам“: Обвинетиот за…
Обвинетиот за подметнувањето пожар на две дипломатски…
Танкер во Ормуската Теснина е погоден од…
Танкер во Ормуската Теснина денеска е погоден…