СРАШНО: Инфлуенсер почина поради предизвик од социјалните мрежи

t

Инфлуенсерот познат како Санкианге починал по видеото на кое тој пие 4 шишиња кинеска вотка.

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, кинескиот инфлуенсер починал набргу по „лајв стримингот“ на 16 мај кој бил пренесуван на кинеската социјална мрежа „Douyin“.

Санкианге бил пронајден мртов само неколку часа по видеото во кое се натпреварувал со другарот инфлуенсер, каде што требало да се напијат „Баиџи“, жесток кинески пијалок кој содржи помеѓу 30 и 60 проценти алкохол. Таканаречените „PK“ предизвици кои ги правеле на кинеската „ТикТок“ верзија, вклучувале натпревар каде што влијателните се натпреваруваат едни против други, за да добијат награди и подароци од гледачите и често вклучувале казни за губитникот.

Овој инфлуенсер често се снимал себеси како учествува во слични предизвици поврзани со алкохолот. Видеото на кое тој учествувал во неговиот последен предизвик станало вирално на кинеските социјални мрежи, но набрзо било тргнато. Неговата смрт најверојатно ќе ја поттикне кинеската власт подобро да ги контролира социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СРАШНО: Инфлуенсер почина поради предизвик од социјалните…

Инфлуенсерот познат како Санкианге починал по видеото…