Објавено на:

Србинот кој ќе испаднеше од авион тужи три компании, случајот се сели во САД

t

Случајот со српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој речиси падна од авион за време на лет на „Рајанер“, влегува во нова фаза и ќе прерасне во повеќегодишна судска битка во Соединетите Американски Држави.

Судскиот процес сè уште не е започнат бидејќи кривичните истраги и истрагите за внатрешна безбедност сè уште траат, но правниот тим на оштетениот веќе ги подготвува тужбите.

Каровиќ ќе поднесе тужба против три големи компании: авиокомпанијата „Рајанер“, производителот на авиони „Боинг“ и компанијата „Џенерал Електрик“, која произведува авионски мотори.

За оваа намена, Каровиќ и неговиот грчки адвокат Василис Цијарас ангажирале американска адвокатска фирма специјализирана за авионски несреќи. Со оглед на тоа што во тужбата се опфатени американски компании, судењето против „Боинг“ и „Џенерал Електрик“ ќе се одржи во САД, додека за „Рајанер“ дополнително ќе се утврдува дали надлежноста ќе ја имаат САД или Грција.

Каровиќ постепено се опоравува од физичките повреди на рацете и рамената, но сè уште има болки во вратот и трпи тешки психолошки последици од претрпениот стрес.

Инцидентот се случи на 10 јули на летот од Солун до Меминген, кога кратко по полетувањето дел од моторот се откачил и го скршил прозорецот до кој седел Каровиќ. Поради наглата декомпресија, тој делумно бил извлечен надвор од кабината, а животот му го спасиле сигурносниот појас и реакцијата на сопругата Светлана Максимовиќ и останатите патници кои го држеле за нозете до итното слетување во Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сафари возило полно со туристи слета…

Возило за сафари полно со швајцарски туристи…

Осум граѓански организации бараат Владата да го…

Осум граѓански организации бараат од Владата итно…

Возач удрил 79-годишна жена и побегнал

Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…

Предложен притвор за едно лице за избоденото…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Кремљ најави можна средба меѓу Путин, Трамп…

Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека…