Србин уапсен во Црна Гора за сторени воени злосторства во Косово!
Црногорските полицајци уапсиле српски државјанин баран за наводни воени злосторства сторени на територијата на Косово, соопшти денеска Управата на црногорската полиција.
Како што наведуваат, станува збор за М.В.(61), кој го бара Интерпол УНМИК, за да обезбеди присуство во кривичната постапка што се води против него.
Според нив, тој е осомничен дека во 1999 година на територијата на општина Пеќ на Косово сторил кривично дело „воено злосторство против цивилното население“.
Истражниот судија на Вишиот суд во Бијело Поље му одреди мерка притвор со екстрадиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Човек од Косово лажел дека има леукемија,…
Полицијата во Косово во саботата уапси човек…
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…