Објавено на:

Србите во Косово потпишуваат петиција за повлекување на косовските специјалци од северот на земјата

t

Пунктови за потпишување на петицијата за повлекување на специјалните полициски сили од северот утринава се поставени на сите места на северот на Косово, а по Звечан и Северна Митровица граѓаните на ред се потпишуваат и во Зубин Поток и Лепосавиќ, пренесува Косово Онлајн.
Еден од точките е во центарот на Лепосавиќ, додека граѓаните масовно се потпишуваат на петицијата во центарот на Зубин Поток, во близина на општината.

Пред потпишувањето на петицијата, стотици Срби организираа мирен протест во близина на контролниот пункт на специјалните единици на косовската полиција, со цел да го кренат гласот поради, како што наведоа, лошиот и нехуман однос на припадниците на специјалните полициски сили кон нив.

Потпишувањето на петицијата започна на 13 април во близина на контролниот пункт на специјалната единица на косовската полиција кај мостот Бистрица, на главниот пат Лепосавиќ – Митровица, а досега се потпишале илјадници граѓани.

Во Лепосавиќ изминативе денови и денеска е видно зголемено присуството на КФОР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…