Србите гневни: Милановиќ од ОН бара признавање на независноста на Косово!

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на своето обраќање на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации упати јавен повик за признавање на независноста на Косово и промена на изборниот закон во Босна и Херцеговина.

Во својот говор во средата, тој изрази загриженост за последните настани во односите меѓу Белград и Приштина и повика на деескалација на тензиите, но и на универзално признавање на таканареченото Косово како „полноправна членка на меѓународната заедница“, известува N1 Хрватска.

Во своето обраќање, Милановиќ, меѓу другото, истакна дека Хрватска ја поддржува европската перспектива на Босна и Херцеговина и дека ја поздравува одлуката на Европската унија да ѝ даде кандидатски статус. Тој ја истакна важноста на изборните реформи во таа земја за сите конститутивни народи да бидат претставени на сите нивоа на власта, што, според него, е клучно за идната стабилност на Босна и Херцеговина, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…