Србите до денес предале вкупно 102.818 парчиња оружје и мински експлозивни направи
Граѓаните на Србија и предале на полицијата вкупно 102.818 парчиња оружје и мински експлозивни направи во рамки на акцијата „Предајте го оружјето“, од 8 мај до денеска, соопштија од МУП за Танјуг.
Од почетокот на акцијата до сега се предадени 77.003 парчиња оружје, 4.045.246 парчиња муниција и 25.815 парчиња мини и експлозивни направи, а тие бројки вклучуваат легално и нелегално оружје и експлозивни направи кои се предадени по смртта на лицето.
Граѓаните и денеска и утре можат да го предадат оружјето без никаква кривична одговорност, без потреба да се легитимираат, да остават податоци за себе и да го докажат потеклото на оружјето.
Дополнително, граѓаните можат да повикаат полициски службеници на адреса и да го предадат оружјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…