„Србите играа како рекреативци кои едвај чекаат да заминат на – пиво!“
Вчерашното реми на Србија против Камерун (3-3) во меч во кој водеа со 3-1 сѐ уште е омилена тема за медиумите, особено во регионов, каде што многу аналитичари силно удрија по репрезентативците на нашиот северен сосед како и по нивниот селектор, Драган Стојковиќ-Пикси.
Еден од тие што ги жестоко го искритикува Србите беше и поранешниот хрватски репрезентативец, Јошко Јеличиќ.
„Имаше ситуации кога Србите ќе отидеа во напад со петорица фудбалери, по што никој од нив не се враќаше назад. Ова ме потсети на рекреативци кои не можат да мрднат во последните десет минути од терминот и кои едвај чекаат тој да истече за да заминат на пиво. Но, во Србија имаше сериозни фудбалери кои не се враќаа во одбрана. А, требаше само да ја поместат задната линија десетина метри поназад кога видоа дека Камерун почнува жестоко да напаѓа, сигурно ќе им дадеа уште некој погодок. Ситуацијата на теренот на 3-1 делуваше неверојатно, дури и несериозно и ме чуди што Пикси не изреагира и не воведе фудбалер кој би го стабилизирал неговиот состав“, кажа Јеличиќ.
Србите третиот меч од групната фаза го играат в петок против Швајцарија, која мора да ја победат ако сакаат да се пласираат во следната рунда на Мундијалот во Катар.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…
Гори на три локации низ Македонија, четири…
На ден 11/12.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Путин: Резултатите на АфД се последица на…
Победата на Алтернатива за Германија на изборите…
Зошто се менува светската карта по пет…
Картата на светот што генерации ја гледаат…
Конечно разладување: Денеска дожд, невреме и пад…
По периодот на високи температури, денеска конечно…