Србите му одговорија на Курти: Доста ни е од теророт ќе одговориме со сите сили на агресијата

t

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ вечерва изјави дека Аљбин Курти со испраќањето на своите фаланги сака војна, но дека Србите ќе одговорат на неговата агресија со сите сили за да го заштитат нивниот гол опстанок.

„Курти е единствениот кој сака конфликти и војна и кој испраќајќи ги своите фаланги на северот на Косово и Метохија го закопува Бриселскиот договор! Тој е оној бандит кој секојдневно се заканува и ги загрозува животите на луѓето, додека Белград и српскиот народ сакаат мир и секогаш инсистираат на мир. Но, на српскиот народ му е доста од теророт на Курти, кој повеќе нема да го толерира, а српскиот народ со сите сили ќе одговори на агресијата на Курти, која сега ги погодува и најмалите деца во градинка. Српскиот народ ќе ги заштити своите деца и нивните животи затоа што денес е загрозен голиот опстанок на Србите на Косово и Метохија!“, порача Петковиќ на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…

Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее…

Соопштение на ВЛЕН Свесното жртвување на обвинението…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…