Србија/Анкета: Триесет отсто не се сигурни за кого би гласале на следните парламентарни избори

t

Триесет отсто од анкетираните во Србија не се сигурни за кого ќе гласаат на следните парламентарни избори, 24 отсто сметаат дека нивната изборна одлука е „лесно променлива“, а шест отсто дека „се уште разгледуваат опции“. Тоа се наведува во резултати на анкета на агенцијата Фактор плус, објави Блиц.

Ако се има предвид дека на претходните парламентарни избори во 2023 година излегоа околу 3,7 милиони гласачи, тоа би можело да значи дека дури 1,1 милион гласачи (30 отсто од 3,7 милиони) се уште размислуваат за кого ќе гласаат.

На прашањето дали би учествувале на изборите, 57 проценти од испитаниците одговориле „да“, 30 отсто рекле „не“, а 13 проценти рекле дека не знаат. Тоа драстично отстапува од преовладувачкото мислење кај дел од јавноста дека политичката ситуација е апсолутно црно-бела и дека сите гласачи се во голема мера и цврсто решени.

На прашање ‘Кога ги очекувате следните избори, одговорите се: Во следните 365 денови – 61отсто, по повеќе од една година: 11 отсто, во следните шест месеци 8 отсто, не знам: 20 отсто.

Во анкетата е наведено дека испитаниците рекле дека очекуваат следните иѕбори да бидат претседателски (69%) односно – парламентарни (63 %)

За членството на Србија во ЕУ, 43 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно, а 39 проценти негативно.

Граѓаните на Србија ја оценуваат соработката на Србија со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Русија и Кина многу позитивно, додека соработката со САД и ЕУ ја оценуваат многу помалку, иако мнозинството сè уште е позитивно, според најновата анкета на агенцијата „Фактор плус“, пренесува Блиц.

Истражувањето е спроведено на почетокот на февруари оваа година на примерок од 1.000 возрасни испитаници, граѓани над 18 години, на територијата на Република Србија. Податоците се собрани со методот на теренска анкета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…

Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…

ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…

Лидерите на Европската Унија и на НАТО…

Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…

Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…

Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…

(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…

Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…