Објавено на:

Србија во шок: Пољаци сакале да ја кренат фабрика за оружје во Чачак во воздух?!

t

Двајца полски државјани се уапсени во Србија додека неовластено ја снимале фабриката за оружје „Слобода“ во Чачак, а постојат основани сомнежи дека се работи за шпиони кои собирале разузнавачки информации за овој воен објект.

Љубан Каран, пензиониран потполковник на КОС, истакнал дека Полска веќе се однесува како да е во воена зона и дека кон Србија се однесува неправедно како да има врска со оваа војна.

– Полска веќе се однесува како да е во воена зона, а разузнавачката војна таму се засили. Ние како држава сме неправедно третирани како да имаме врска со оваа војна. Исто така, и овие лажни дојави за бомби се поврзани со тоа. Што се однесува до овие двајца уапсени шпиони, само вратете го филмот и ќе видите колку експлозии и пожари имало во фабриките на наменската индустрија. Некои го поврзуваат со намерно ривалство во државите, но некои го поврзуваат и со прекин на снабдувањето бидејќи може да предизвика пренасочување и саботажа. Тоа е една од можностите, рекол потполковникот во утринската програма на Телевизија Курир.

Професорот д-р Илија Кајтез од факултетот за Меѓународна политика се согласил со Каран и рекол оти смета дека сето ова е желба на Западот затоа што кој и да загуби во оваа војна оди во нивна корист. Кајтез додал и дека двајцата уапсени се претходница на терористи кои требало фабриката да ја кренат во воздух.

– Овие луѓе не дојдоа овде затоа што ја сакаат природата или затоа што се занимаваат со аматерска фотографија. Тоа е претходница на оние терористи кои потоа требаше да ја кренат во воздух фабриката. Веќе имавме скандали каде Бугарите ни приредија огромна штета. Сето тоа е под капата на НАТО и на Западот, истакнал Кајтез.

Потполковникот Каран тврди дека е грешка да се поврзуваат тие луѓе со набљудувачи, бидејќи можеби токму тие биле оние кои можеле да ја кренат фабриката во воздух.

– Можно е тие да биле всушност изведувачите. Не треба веднаш да се врзат за Полска, бидејќи можно е да се дел од некоја помоќна разузнавачка служба, изјавил потполковникот.

ПОЛСКИ ШПИОНИ УАПСЕНИ ВО ЧАЧАК!

Според информациите, Ј.Л.(26) и К.Ј.(42) ги снимале пристапните патишта и ја фотографирале познатата компанија, која е една од најважните во синџирот на српската наменска индустрија.

Кога припадниците на службата за безбедност почнале да им приоѓаат, тие почнале да бегаат, но биле фатени и задржани во просториите на фабриката до доаѓањето на полицијата.

Утврдено е дека дошле во Чачак на 8 мај, а во нивните мобилни телефони биле пронајдени снимки од пристапните патишта на фирмата „Слобода“ АД, како и две фотографии од внатрешноста на овој воен објект.

Невешто се бранеле дека само ја фотографиралеа природата и не знаеле дека се работи за воена фабрика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народот бара Груевски да се врати во…

Судејќи по бројот на допаѓања и коментари,…

Каевски: Мицкоски призна, со ДПМНЕ нема членство…

„Христијан Мицкоски потврди дека неговата ДПМНЕ сака…

Груевски се заблагодари на многубројните честитки: Посакувам…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук им…

Израел изврши воздушен напад на границата со…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле…

Во Тетово запленети над 2500 парчиња пиротехнички…

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (19…