Србија ги ограничи цените на горивата – Дополнително се намалуваат акцизите
Владата на Србија ја усвои Уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати Еуродизел и Еуро премиум БМБ 95. Уредбата стапува на сила утре и ќе важи во следните 30 дена, до 11 април.
Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати, соопшти Владата.
Со уредбата се утврдува максималната малопродажна цена и се обврзуваат стопанските субјекти кои вршат трговија со моторни и други горива на станиците за набавка на возила, а кои до донесувањето на Уредбата испорачувале деривати, да продолжат со испорака исклучиво со точење во резервоарите за гориво.
Предвидени се и условите и начинот на продажба на нафтените деривати на регистрирани земјоделски стопанства.
Членовите на Владата одлучија привремено да ги намалат акцизите за 20 отсто од сегашната сума на нафтените деривати – оловниот бензин, безоловен бензин и маслата за гас.
На денешната седница беше донесена изменета одлука за условите и начинот за намалување на царините на одредени стоки, односно за ослободување на одредени стоки за плаќање царина во 2022 година.
Одлуката за нафтата и маслата добиени од битуменозни минерали ќе важи до 31 декември годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…