Србија го враќа шахот во училиштата
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени денеска дека машката шаховска репрезентација постигнала огромен успех со освојувањето на златниот медал на неодамнешното Европско првенство и најави тројно зголемување на буџетот за шаховската Федерација на оваа земја.
Наведувајќи дека сегашниот буџет изнесува околу 135.000 евра, Вучиќ рече дека е договорено негово зголемување за три пати и додаде оти ќе почнат разговори со шаховската Федерација за враќање на шахот во училиштата.
„Многу ви благодарам што се тука. Сервантес рекол дека човечкиот живот е партија шах, а Михаил Ботвиник дека шахот е наука. Нашиот Светозар Глигориќ рече дека шахот е борба со самиот себеси. Ние со децении игравме шах, а никогаш немаме остварено успех каков што постигна оваа фантастична генерација“, рече Вучиќ на приемот на српските шахисти во претседателскиот кабинет во Белград.
Вучиќ рече дека шаховскиот свет е посебен свет и оцени дека угледот на Србија драматично пораснал по освојувањето на златниот медал на Европското екипно првенство во машка конкуренција, кое минатата недела се одржа во Будва.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…
Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…
(Фото) Вучиќ чека во ред за да…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Редови пред избирачките места: Почнаа вонредните парламентарни…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…