Србија го осудува нападот во Косово, подготвена е финансиски да помогне за санирање на штетите
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија најостро го осудува нападот на каналот Ибар-Лепенац кај Зубин Поток.
Во објава на мрежата Х, Ѓуриќ ги повика релевантните меѓународни власти да спроведат темелна и транспарентна истрага со цел да се идентификуваат и изведат пред лицето на правдата одговорните за овој чин.
„Додека етно-националистичкиот режим на Курти побрза да го впери прстот кон Србија без докази, ние веруваме дека ваквите предвремени обвинувања се намерна диверзија, што потенцијално укажува на вмешаност на режимот на Албин Курти“, нагласи Ѓуриќ.
Тој посочи дека ваквите неосновани обвинувања ги поткопуваат напорите за конструктивен дијалог и служат само за ескалација на тензиите во и онака деликатна ситуација и посочи дека Србија недвосмислено бара одговорност за сторителите на „овој непромислен напад“.
Ѓуриќ изјави дека Србија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди финансиска и техничка помош за санирање на штетите на каналот Ибар-Лепенац, „покажувајќи посветеност на благосостојбата на сите луѓе во регионот, без разлика на етничката или политичката припадност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…