Србија денеска против Германија за светско злато!

t

Кошаркарската репрезентација на Србија, предводена од селекторот Светислав Пешиќ, денеска во финалето на Светското првенство во Манила (14.40 часот) против Германија ќе се обиде да го освои историскиот златен медал – првиот под името Србија.

Српскиот тим под името СРЈ последен пат беше светски шампион во Индијанаполис во 2002 година, а уште тогаш Пешиќ како селектор го водеше тимот од клупата.

И покрај отсуството на Никола Јокиќ, Василиј Мициќ, Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ и уште неколку важни играчи, Србија покажа фантастична кошарка, особено во четврт-финалето против Литванија и полуфиналето против Канада.

Во финалето се соочуваат со најтешкиот можен противник – непоразените Германци, кои во полуфиналето ги исфрлија САД.

„Ова е финале кое го карактеризираат две исклучително силни екипи кои пристигнаа овде со тимски однос и добра атмосфера. Веројатно никој не го очекуваше тоа, но ние го направивме тоа и тоа е најважно. Очекував Германија да стигне до финалето, не затоа што другите селекции се послаби, туку затоа што покажаа најмногу на ова првенство. Не загубија ниту еден натпревар, имаа перфектно првенство и тоа не ме чуди бидејќи одлично ги познавам тој тим, тренерот и играчите. Нивниот најголем квалитет е континуитетот бидејќи играат заедно веќе неколку години“, изјави Пешиќ за новинарите во Манила, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот…

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај…

„Тешки сме Драгане“: Заглави автобусот со кој…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Македонија е држава која во Србија секогаш…

Мандатарот на новата српска влада Милош Вучевиќ…