Објавено на:

Србија е за нас ЕУ: Просечната плата 734 евра

t

– Просечната (бруто) плата во Србија пресметана за мај годинава изнесува 118.992 динари, додека просечната (нето) плата без даноци и придонеси изнесува 86.220 динари (734 евра), соопштија од Републичкиот завод за статистика на Србија (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград.

Просечната нето заработка изнесува 66.244 динари (564 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.

Бруто и нето заработката во периодот јануари-мај, во однос на истиот период лани, номинално се повисоки за 15,5 отсто, но реално се пониски за 0,1 отсто.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето заработка за мај 2023 година е номинално повисока за 16,2 отсто, а реално за 1,2 отсто.

РЗС соопшти и дека во јуни се родени 5.003 бебиња, а починале 7.289 лица.

Според податоците на РЗС, во првите шест месеци од 2023 година во Србија се родени 29.203 лица, а починале 46.618 лица. Негативниот природен прираст изнесува 17.415.

Се наведува дека во периодот јануари-јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, има намалување на бројот на живородени за 131 или за 0,4 отсто, како и намалување на бројот на умрените за 10.728 или за 17,8 отсто

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…

Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…