Србија забрани влез во државата за 8 учесници на “Европрајд”: Ќе се “ловат” лица со спорни објави на социјални мрежи
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија по наредба на Вишото јавно обвинителство поднеле две кривични пријави и донеле мерка забрана за влез во Србија за осум лица кои го навредиле јавниот морал за време на настанот „Европарајд 2022“, соопшти денеска МВР на Србија.
Припадници на Управата за криминалистичка полиција, во консултација со надлежното обвинителство, идентификуваа две лица државјани на Турција и Италија, против кои поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост за време на “Европрајд 2022” година е поднесена кривична пријава.
По овие две лица е започната потрага, со оглед дека се недостапни за српските истражни органи, јавува Танјуг.
Исто така, во консултација со Вишото јавно обвинителство за високотехнолошки криминал ќе бидат преземени сите мерки со цел понатамошно постапување со лица кои преку социјалните мрежи Инстаграм и Твитер споделувале објави со екстремистичка содржина упатени до припадници на ЛГБТ заедницата.
Против тие лица полицијата ќе поднесе две кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело загрозување на сигурноста.
Полициските службеници продолжуваат со понатамошната работа на утврдување на идентитетот и евентуалното одбивање влез на другите учесници на настанот Европрајд 2022, како и на утврдување на идентитетот на испраќачот на заканите до Инфо центарот Европрајд 2022 кои се испратени преку е-маил адреси пред настанот, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…