Србија забрани извоз на житарки, брашно и масло: Намалени се акцизите за 20%, забрането точење на гориво во туби
Српската влада денес го забрани извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло, ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, го забрани полнењето гориво надвор од резервоарот на возилото и ги намали акцизите за оловниот бензин, безоловен бензин и гасното гориво за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
-На седницата на Владата беше донесена одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи значајни за населението – пченични зрна, пченично брашно, пченка и сончогледово масло, со цел навремено да се одговори на нарушувањата на пазарот и зголемената побарувачка, се наведува во соопштението на српската влада, која усвои и Уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на еуродизел и евро премиум БМБ 95, а ќе важи во наредните 30 дена, од 11 април со 11 март.
-Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати. Со уредбата се утврдува максималната малопродажна цена и се обврзуваат стопанските субјекти кои вршат промет на моторни и други горива на станиците за снабдување возила, а кои доставувале деривати пред донесувањето на уредбата, да продолжат со испорака исклучиво со точење во погонските резервоари на превозните средства, соопштија од Владата на Србија.
Исто така, предвидени се условите и начинот на продажба на нафтените деривати на регистрирани земјоделски стопанства.
Владата одлучи привремено да се намалат акцизите за 20 отсто од сегашната сума на нафтените деривати – оловниот бензин, безоловен бензин и за гасното гориво.
На денешната седница беше донесена изменета одлука за условите и начинот за намалување на царините на одредени стоки, односно за ослободување на одредени стоки за плаќање царина во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…