Србија завиена во црно: Десетмина убиени во страшните масакри ќе бидат погребани
Во Србија денеска е втор ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац.
На белградските гробишта ќе бидат погребани четворица ученици и работник од обезбедувањето во училиштето во Врачар, како и петте момчиња кои загинаа во престрелката во Мали Орашје.
Српското знаме во амбасадата во Вашингтон, во зградата на Мисијата во Њујорк, како и во конзулатите во Њујорк и Чикаго е спуштено на половина копје поради тридневната жалост што Владата на Србија ја објави по два големи трагедии во кои загинаа 17 лица, главно деца.
Во српската амбасада и конзулатите во Њујорк и Чикаго беше отворена книга на жалост во која, како што беше соопштено за Танјуг, веќе се потпишале бројни членови на дипломатскиот кор, а меѓу првите се и амбасадорите на Хрватска и Кипар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…