Србија издвои 170 милиони динари за субвенции за купување на е-возила

t

Владата на Србија на денешната седница ја усвои Уредбата за условите и начинот на спроведување на субвенционираната набавка на нови електрични возила, а за оваа намена Министерството за заштита на животната средина издвои 170 милиони динари. Тоа е помалку од половина од сумата потрошена во 2023 година, кога за субвенции беа наменети околу 440 милиони динари.

Правото на субвенција може да го остварат физички лица, претприемачи и правни лица, а барањата до министерството поднесуваат најдоцна до 31 октомври во тековната година.

„Регулативата што беше донесена денеска предвидува поддршка за купување на повеќе видови електрични возила. Граѓаните и правните лица кои сакаат да го остварат правото на субвенционирана набавка на електричен мопед или лесен трицикл може да сметаат на поддршка од 250 евра во динарска противвредност. За набавка на електрични мотоцикли, мотоцикли со странични седишта, тешки трицикли, лесни и тешки четирицикли, обезбедена е поддршка во износ од 500 евра. Најголема субвенција има за електрични патнички возила со најмногу девет седишта и електрокарго возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тони и изнесува 5.000 евра“, се наведува во соопштението.

Министерката за заштита на животната средина на Србија, Ирена Вујовиќ рече дека средствата што министерството одлучило да ја поддржи набавката на електрични возила годинава ќе се распределуваат според пристигнатите, уредни барања на граѓаните и стопанствениците, додека не се потроши вкупната сума или до најдоцна 31 октомври.

„Доколку се покаже дека интересот на граѓаните и стопанството значително го надминува утврдениот износ, ќе се потрудиме да обезбедиме дополнителни средства за субвенции за набавка на нови електрични возила“, рече Вујовиќ.

Генералниот секретар на српската асоцијација на увозници на возила и делови, Борис Ќоровиќ, за Бизнис.рс вели дека оваа сума е значително помала од онаа од 2023 година и дека се надева дека средствата ќе бидат зголемени.

„Проценетата сума од само 170 милиони динари е повеќе од двојно помала од сумата потрошена во текот на 2023 година за истата намена, која изнесуваше околу 440 милиони динари. Тоа е секако нешто што загрижува, бидејќи од година во година расте интересот за електрични и хибридни возила, а расте и висината на субвенциите“, истакнува нашиот соговорник.

Тој потсетува дека субвенциите во 2020 година изнесувале 120 милиони динари, една година подоцна 168 милиони, а во 2022 година 260 милиони динари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти: Србија шири пропаганда за насилство врз…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека секој…

Џипинг за српска „Политика“: Нека светлината на…

Авторски текст на Претседателот на Народна Република…

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

За 25 години Србија ќе изгуби 3.000…

Во Србија моментално има 4.720 села, а…

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…