Србија и Албанија заеднички ќе организираат Европско првенство во фудбал
Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година, потврди Бранко Радујко, генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Ваквата одлука е логична поради повлекувањето на Белгија и Турција како кандидати за домаќини.Радујко потврди дека УЕФА организацијата на турнирот што ќе се игра во 2027 година ќе им ја додели на Србија и Албанија.
– Најверојатно тоа ќе се случи во најголема мера кај нас. Конечната одлука ќе биде позната во декември. Ние сме оптимисти за тоа – рече Радујко.
Во таа конкуренција српските фудбалери треба да ги предводи Александар Коларов, кој е промовиран во нов селектор на младата репрезентација.
Поранешниот лев бек договори соработка со Фудбалскиот сојуз на Србија до 2027 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…