Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, во Будимпешта, по разговорот со унгарскиот министер за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, изјави дека двете земји ќе испратат покани до Бугарија, Македонија, Албанија, Грција и Турција за приклучување на изградба на брза железница во регионот, која прво ќе ги поврзе Будимпешта и Белград, а подоцна Ниш и Прешево, јави дописиникот на МИА од Белград.
-Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ на новинарите по средбата со Јанош.
Весиќ посочи дека оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и дека, кога станува збор за железничкиот сообраќај, може да биде еден вид „Отворен Балкан плус“.
-За нас е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Истанбул, важно е и за Унгарците, бидејќи железницата ќе се користи за превоз на стоки, а не само за патничкиот сообраќај, рече Весиќ и додаде дека пругата има логична смисла по изградбата до Прешево да продолжи кон југ.
-Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ. На последниот состанок на ОБ имаше и претставници на Турција и Унгарија, а се огласија и претставници на Грција. ОБ станува се позначајна иницијатива, а тие и другите соседни земји кои не можат да станат членки, бидејќи се веќе во ЕУ, бараат да бидат набљудувачи бидејќи гледаат потенцијал во тој процес. Ова е како ОБ плус, објасни Весиќ.
Унгарскиот министер Јанош Лазар на новинарите им рече дека Унгарија е заинтересирана за продолжување на брзата пруга јужно од Белград, во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…
Maкедонската јавнос е во шок по деталите…
Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…
Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…
Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…
Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…
Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…
Истакнат член на партијата и близок човек…
(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…
Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…