Објавено на:

Србија најави унапредување на соработката со Кина

t

Српската Влада соопшти дека на седницата на 30 април ги усвоила актите потребни за унапредување на соработката со Кина.

„Донесени се документи од областа на образованието, науката, иновациите, технолошкиот развој, како и економско-техничката соработка во областа на инфраструктурата“, се наведува во владиното соопштение.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Србија на 7 и 8 мај.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за време на посетата на Си, Белград ќе „иницира проекти за забрзан технолошки развој во оние сфери во кои нема доволно знаење, од роботика, сателитска технологија, летечки автомобили до многу други работи“.

Последен пат Си Џинпинг беше во официјална посета на Србија во 2016 година. Сега доаѓа во Белград на годишнината од бомбардирањето на кинеската амбасада при интервенцијата на НАТО во СР Југославија.

Претседателот на Кина во Белград пристигнува на покана на Вучиќ. Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изјави дека Пекинг со нетрпение ја очекува оваа посета, како уште една можност за зацврстување на „железното пријателство“ со Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За неколку часа во Аеродром три лица…

Три лица, во посебни случаи, во текот…

Малолетник нападнат во автобус на ЈСП

На 20.05.2024 во 09:00 часот во СВР…

Едно лице загина во невремето што попладнево…

Во силното невреме што го зафати Сомбор…

Шефот на СЗО побара од Израел да…

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО)…

Телеграма за сочувство до раководството и до…

„Во име на Политичката партија Левица, изразувам…