Србија нема да ги прифати резултатите од референдумите во Украина!
Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумот во украинските региони бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на нивните државни и национални интереси.
На прес-конференцијата, на прашањето на Танјуг дали Србија ќе ги прифати резултатите од референдумот во украинските региони, Селаковиќ рече дека во согласност со Повелбата на Обединетите нации и општоприфатените принципи и норми на меѓународното јавно право, Србија не може да ги прифати тие резултати.
„Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна, тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите“, рече Селаковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…