Објавено на:

Србија нема да отвори нов кластер, затоа што нема воведено санкции против Русија

t

Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни политики.

Јоксимовиќ за јавниот сервис РТС изјави дека овој кластер нема да биде отворен, иако е подготвен, а како причина за неотварањето на нов кластер, ја посочи „неусогласеноста со режимот на рестриктивни мерки кон Руската Федерација“.

Србија, иако гласаше за неколку резолуции на ООН во кои се осудува инвазијата на Русија, одбива да воведе санкции за Москва и покрај барањата на западните власти.

-Не чекаат многу предизвици – енергетската, прехранбената и секоја друга криза што треба да ја решиме и важно е Србија да биде цврсто на европскиот пат, рече Јокимомовиќ за РТС.

Таа оцени дека војната во Украина е „најголем“ предизвик на Европа од падот на Берлинскиот ѕид, затоа што тоа е конфликт во кој едната страна е нуклеарна сила.

На прашањето кој е просторот за маневар кога станува збор за санкциите, Јоксимовиќ кажа дека тука не се работи за маневарски простор, како и дека Србија покажала целосна посветеност.

Таа додаде дека Србија ги споделува истите вредности на почитување на меѓународниот мир и поредок и неповредливоста на територијалниот интегритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…