Србија не е ничија слугинка: Вучиќ со остар одговор за невоведувањето санкции за Русија
„Србија не е ничија слугинка“: рече Вучиќ на одговор на прашање за санкциите кон Русија.
„Србија не е ничија слугинка и не извршува ничии наредби, ниту на Русија, ниту на Америка, ниту на ничии други“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали Србија ќе воведе санкции кон Русија.
„Ние го направивме она што е во интерес на нашата земја, но мора да имате предвид дека Србија го осуди нападот врз Украина, дека постапи во согласност со меѓународното јавно право, сериозно и одговорно“, рече Вучиќ.
Србија е независна и суверена земја. Србија има искуство што многумина го немаат, а тоа е искуството од 90-тите години, додаде претседателот на Србија.
„Ги прашувам од Гардијан, кога ја нападнавте Србија, дали беше агресија, кога напаѓате суверена земја. Во формално-правна смисла, нападот врз Србија и нападот врз Украина го третираме на ист начин. Како беше кога ја победивте невината Србија без одлука на ОН. Се собраа 19 насилници да нападнат една земја“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…