Србија помина без санкции само за да продолжи дијалогот, вели косовскиот министер за одбрана
Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци изјави дека недостигот на строги казни за Србија за инцидентот во Бањска од страна на ЕУ и САД е тактички потег што треба да овозможи продолжување на дијалогот, пренесува А2 вести.
„Мислам дека сите меѓународни партнери се убедени дека оваа терористичка група имала за цел да подели и анектира дел од територијата на нашата земја и дека била поврзана со државни структури. Ова всушност го кажаа оние кои подетално зборуваа за случајот Бањска. Сметам дека во овој случај е направена политичка пресметка од меѓународната заедница. Во оваа ситуација, некои од нашите партнери размислуваа за развој на помека политика во однос на Србија, можеби од нивна гледна точка за да се овозможи продолжување на дијалогот“, вели Маќедонци.
Тој додаде дека, сепак, смета дека е неопходно да се воведат санкции кон Србија.
„Отсекогаш сме имале такви ситуации на овие простори каде што единствен начин Србија да се натера да седне и да дојде до политичко решение беше силата. Мислам дека требаше посилна реакција, требаше да се воведат санкции и Србија да информира дека овој хегемоничен и агресивен пристап кон соседите не може да даде друг резултат освен оној во Бањска“, заклучува Маќедонци.
Тој, исто така, тврди дека три од четири пешадиски бригади се распоредени во српските воени бази недалеку од територијата на Косово, кои „го чекаат моментот за инвазија“.
„Долку границата има 48 бази на српската војска, на растојание од 300 метри до пет километри во внатрешноста на Србија. Тие се закана. Сместени на места каде што се очекува инвазија, чекаат погоден момент Србија да изврши воена акција или да поддржи таква како Бањска“, вели Маќедонци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…