Србија по 13-ти пат избира нов парламентарен состав по воспоставување на повеќепартискиот систем во 1990
Србија по 13-ти пат од обновувањето на повеќепартискиот систем во 1990 година на 3 април годинава ќе избере нов парламент, односно 250 пратеници на Народното собрание на Србија.
Годинава, на 3 април, покрај вонредните парламентарни избори, ќе бидат одржани и редовните претседателски избори, кои се одржуваат на секои пет години, а советниците на локалните собранија ќе ги избираат граѓаните од 14 града и општини, меѓу кои и главниот град Белград, чиј парламент има 110 советници.
Локалните избори на 15 февруари, Денот на српската државност, ги распиша претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ и тие ќе се одржат во Белград и Бор, како и во општините Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Лучани, Књажевац, Медвеѓа, Бајина Башта, Долјевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…