Србија секое олимписко злато во Париз ќе го награди со по – 200.000 евра

t

Србија има многу адути за златни медали на Летните Олимписки игри во Париз идното лето, па богато ќе наградаува за секое освоено најсјајно одличје и тоа со по 200.000 евра за секој носител на највредниот медал во спортот.

Првиот човек на северниот сосед, Александар Вучиќ синоќа на приемот на сребрените кошаркари ја најавил богатата награда која Србија планира да им ја даде на сите спортисти кои од француската престолнина ќе се вратат со злато одличје.

„Секој спортист поединечно ќе добие 200.000 евра за освоен златен медал во Париз“, рече Вучиќ.

Србија има адути за злато од Новак Ѓоковиќ во тенис, Ивана Вулета во атлетика, која стана светска шампионска во скок во далечина неодамна во Будимпешта, одбојкарките кои се европски вицепрваци, а беа поранешни светски и европски шампионки, потоа ватерполистите кои се постојано во конкуренција за медал, во индивидуалните спортови како таеквондо… Кошаркарите на Србија со среброто од Мундобаскетот исто така обезбедија учество на ЛОИ 2024.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Уапсен е тетовец – нападна две деца…

Жител на тетовското село Требош (51) бил…

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…